Сместување

Активност 2

Планинарски домови

Освен со природни атракции, регионот е богат и со историски артефакти лоцирани насекаде низ регионот. Од посебно значење е Тетовската менада, но и историските споменици од Османлискиот период посебно во регионот на Тетово, како што се Арабати Баба Теќе, Шарена џамија, неколку калиња, неколку позначајни цркви и манастири, посебно Лешочкиот манастир.

Атракции 3

Хотели

До центарот се стига по асфалтиран пат или со изграден лифт во должина од 7 км (кој подолго време не е во функција). Времето на патување е околу 40 мин, минувајќи висинска разлика од 1400м. Попова Шапка има 9 ски-лифтови во должина од 7.7км, со кои се поврзуваат скијачките предели на височина од 1070-2510 м. Должината на скијачките предели е 20км од кои 3 се според критериумите на ФИС-ит. 

Сместување

  • Хотел Славија
    Хотел Славија
    Хотел СЛАВИЈА е хотел од „Б” категорија и располага со 33 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни) и 6 апартмани. Сите соби се со сопствена бања.
  • Планинарски дом „Љуботен“ – Љуботен
    Планинарски дом „Љуботен“ – Љуботен
    Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора прекрасен поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.
  • Вила Љуботен – Љуботен
    Вила Љуботен – Љуботен
    Се наоѓа на надморска височина од 1600 метри, истата е комплетно опремена почувајќи од паркинг, четири спални соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и дневен престој со TV
  • Планинарски дом „Љуботен“ – Попова Шапка
    Планинарски дом „Љуботен“ – Попова Шапка
    Домот се наоѓа на височина од 1825м. на Попова Шапка веднаш позади Детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка.
  • Планинарски дом „Смрека“ – Попова Шапка
    Планинарски дом „Смрека“ – Попова Шапка
    Домот се наоѓа на височина од 1800 м. на Попова Шапка веднаш под детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка.
  • Планинарски дом „Шарски Води“ – Шарски Води
    Планинарски дом „Шарски Води“ – Шарски Води
    Поранешна стражарска куќа на ЕСМ, на 1330 мнв, а се наоѓа под ладовините на буките и боровите на самиот пат по каналот Шарски Води.