Планинарски дом „Шарски Води“ – Шарски Води

Планинарски дом „Шарски Води“ – Шарски Води

Поранешна стражарска куќа на ЕСМ, на 1330 мнв, пристап од Гостивар до с. Горно Јеловце 6 км. асфалт и уште 7 км. по макадам пат до домот.

Домот се наоѓа под ладовините на буките и боровите на самиот пат по каналот Шарски Води. Капацитетот е 8 легла, има струја, а вода има само во дворот. Во дворот на домот можно е поставување на шатори за кампување до 50 лица.

Домот е од затворен тип, но во договор со домаќините може да се користи. Со домот стопанисува ПД „Бистра“ од Гостивар

Контакт лице
ПД Бистра - Гостивар
ПД Шарски Води, Горно Јеловце, Гостивар
Надморска височина
1330m nmv
Тежина на пристап
Средно лесна
Опис на пристап
До домот има пристап од Гостивар до с. Горно Јеловце 6 км. асфалт и уште 7 км. по макадам пат.
Видео
Галерија