
Флората и фаауната на Шар Планина се исклучително богати и според моменталните податоци тие бројат над 2000 видови васкуларни растенија, 167 видови пеперутки, риби, птици, диви животни, што се повеќе од половината на цела Република Северна Македонија.
флора 1
Флора
Флората на Шар Планина е исклучително богата и според моменталните податоци таа брои над 2000 видови васкуларни растенија што е повеќе од половината на цела Македонија.
Шар Планина е еден од најзначајните балкански и европски центри на високопланинскиот ендемизам во кој се вбројуваат реликтни, ендемореликтни и ендемични видови. На Шар Планина се среќаваат околу 200 ендемични и субендемични растителни таксони (видови, подвидови и вариетети).
фунгија 2
Фунгија
На Шар Планина се познати вкупно 365 видови габи од кои 210 се лигниколни, а останатите се териколни.
Околу 80 видови може да се користат за човекова исхрана. Од овој аспект најзначајни се: Amanita caesarea (јајчарка), Boletus edulis (летен вргањ), Boletus aestivalis (мрежестоног вргањ), Boletus aereus (црн вргањ), Boletus pinophilus (боров вргањ), Cantharellus cibarius (лисичарка) и Morchella spp. (смрчки).
фауна 3
Фауна
Фауната на дневните пеперутки е претставена со 167 видови што претставува 80% од фауната на дневните пеперутки на Македонија. Тркачите (Carabidae) се претставници на најбројната група организми – тврдокрилците (Coleoptera). На Шар Планина се познати околу 140 видови тркачи.
Рибите на Шар Планина се многу малку проучувани. Засега е познато дека во планинските потоци и реки се среќаваат поточката пастрмка (Salmo trutta), црната мрена (Barbus meridionalis petenyi), и кркушката (Gobio gobio).
На Шар Планина се регистрирани 45 видови цицачи, од вкупно 78 во Македонија. Меѓу нив, пет се наоѓаат на светската црвена листа, од кои три се класифицирани како загрозени.