Туристички атракции

Туристички атракции

Активности 1

Активност прва

Климата во Шарпланинскиот регион е средно континентална со многу сончеви денови во текот на годината. Летото е топло и делумно влажно, зимата е ладна со обилни врнежи од снег, додека пролета и есента се карактеризираат со чести дождови. Бидејќи целата Полошката котлина е опколена со планини, постои инверзија на движењето на ладни и топли воздушни маси.

Активност 2

Планинарски домови

Освен со природни атракции, регионот е богат и со историски артефакти лоцирани насекаде низ регионот. Од посебно значење е Тетовската менада, но и историските споменици од Османлискиот период посебно во регионот на Тетово, како што се Арабати Баба Теќе, Шарена џамија, неколку калиња, неколку позначајни цркви и манастири, посебно Лешочкиот манастир.

Атракции 3

Хотели

До центарот се стига по асфалтиран пат или со изграден лифт во должина од 7 км (кој подолго време не е во функција). Времето на патување е околу 40 мин, минувајќи висинска разлика од 1400м. Попова Шапка има 9 ски-лифтови во должина од 7.7км, со кои се поврзуваат скијачките предели на височина од 1070-2510 м. Должината на скијачките предели е 20км од кои 3 се според критериумите на ФИС-ит. 

Атракции 4

Фестивали и други манифестации 

Од регионален карактер позначајни активности кои се организираат се музичките фестивали: Шари кендон (Шара пее), манифестација каде се презентира фолклорот од разни места каде живее албанскиот народ, „Тетовски фолк филиграни” „Дитет е Наимит" (Деновите на Наим) меѓународна манифестација на поезијата; „Техо" меѓународно натпреварување на хорското
пеење, „Блетезат" и „Тетовски јаболчиња" детски музички фестивал, „Саемот на книгата" презентација на изданија на албански јазик на издавачки куќи од Македонија, Албанија и Косово. 

Видео