ЈУНП Шар Планина

30 јуни 2021 година, со изгласувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, е изгласан на 30 јуни 2021 година со што Република Северна Македонија го доби 4-тиот национален парк во државата и првиот од нејзиното осамостојување

Агенција -основно 1

Основни информации

30 јуни 2021 година, со изгласувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, е изгласан на 30 јуни 2021 година со што Република Северна Македонија го доби 4-тиот национален парк во државата и првиот од нејзиното осамостојување.

Агенција - Визија

Инфо1

НП Шар Планина се простира на 62 705 ha и со висок степен на заштита на повеќе од 75% од територијата. Шар Планина е голем високопланински масив кој се протега во северозападниот дел на Северна Македонија и во јужниот дел на Косово. Масивот е европско жариште на биодиверзитетот и подрачје кое се карактеризира со извонредни природни вредности.

Агенција - Мисија

Површина

Јавната установа Национален парк Шар Планина е формирана со одлука на Влада (Службен весник 175/2021) и има амбициозна и одговорна мисија покрај примарната задача - заштита на природните вредности, да направи многу повеќе и преку отварање на нови развојни можности да придонесе за социо-економски развој на локалните заедници, особено во планинските села.

Агенција принципи 4

Туризам

Поради силниот антропоген притисок под кој се наоѓа НП Шар Планина, според Законот за заштита на природата, на територијата на Паркот се дефинирани 4 зони во кои согласно на зонирањето се идентификувани дозволени и ограничени активности: зона на строга заштита (26,56%), зона на активно управување (49,06%), зона на одржливо користење(22,02%) и заштитен појас околу скијачкиот центар Попова Шапка (2,7%).

Агенција Историја

Историјат

Со цел да ја оствари одговорната задача, ново формираната установа ЈУНП „Шар Планина“ ги поканува сите вљубеници во убавата „Шара“ да се информираат за активностите, предизвиците и можностите што ги нуди ова заштитено подрачје, а  ЈУНП „Шар Планина“ е отворена за соработка со сите што сакаат да дадат свој придонес и во заштитата и во развојот на овој наш планински бисер.

Агенција Закон

Основање

Шар Планина е голем високопланински масив кој се протега во северозападниот дел на Северна Македонија и во јужниот дел на Косово. Масивот е европско жариште на биодиверзитетот и подрачје кое се карактеризира со извонредни природни вредности.