
Посетители 1
Безбедност
Овој потенцијал може да го искористиме само доколку доколку имаме спасувачка служба која е подготвена да интервенира во секакви услови и да одговори на повик 24 часа дневно. Токму таков современ спасувачки центар, свечено беше отворен деновиве на Шар Планина, а ќе функционира во рамките на планинската спасителна служба при Црвениот Крст од Тетово.
Со воспоставуањето на оваа служба и 24 часовните дежурства, ќе се отстрани еден од клучните недостатоци од минатото, а тоа е непостоењето на организиран систем за управување со ризици.
Посетители 1,5
Летен туризам
Природна ладовина, чист воздуд, прекрасни пејсажи како и предели за одмор и рекреација, нуди Попова Шапка во летниот период. Но, на овие места во овој период од година вгодина се помалку посетители. Без промоција и основна инфраструктура летниот туризам не може да се развие, согласни се туристичките работници.
И во останатите предели на Шара состојбата е иста. Во местото викано Забели, Демир Сефери има отворено ресторан каде се нуди локална храна. Но, местото се уште не е доволно посетено, луѓето не го знаат. Потребна е промоција на планината, но и инвестиции во инфраструктурата, вели Сефери кој сам го изградил патот преку кој туристите можат да стигнат до ова место.
Зимски 1
Зимски туризам
Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка и следните ски лифтови:
- Почетнички: Дол и Бабин Извор(Аеродром)
- Средни: Поток 1 и 2, Пионерско брдо, Ајдучка рамнина 1 и 2
- Свети илија, 6-то сед, Син врв Церипашина