Зимски 1

Зимски туризам

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка и следните ски лифтови:

  • Почетнички: Дол и Бабин Извор(Аеродром)
  • Средни: Поток 1 и 2, Пионерско брдо, Ајдучка рамнина 1 и 2
  • Свети илија, 6-то сед, Син врв Церипашина