Атракции 4

Фестивали и други манифестации 

Од регионален карактер позначајни активности кои се организираат се музичките фестивали: Шари кендон (Шара пее), манифестација каде се презентира фолклорот од разни места каде живее албанскиот народ, „Тетовски фолк филиграни” „Дитет е Наимит" (Деновите на Наим) меѓународна манифестација на поезијата; „Техо" меѓународно натпреварување на хорското
пеење, „Блетезат" и „Тетовски јаболчиња" детски музички фестивал, „Саемот на книгата" презентација на изданија на албански јазик на издавачки куќи од Македонија, Албанија и Косово.