Планинарски дом „Љуботен“ – Љуботен

Планинарски дом „Љуботен“ – Љуботен

Домот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора прекрасен поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег. Домот за викендите е отворен и во текот на целата година, но сепак се препорачува претходна најава кај домарот. Капацитетот на домот е 35 легла заедничка тарпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода. Во домот може да се набави пијалок и храна, а по желба се подготвуваат и традиционални јадења. Информации кај домарот Димоски Митко на телефон 070 515 480 или во ПК Љуботен – Тетово.

Контакт лице
Димоски Митко
Телефон
Надморска височина
1645m nmv
Тежина на пристап
Средно тешка
Опис на пристап
До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото.
Галерија