Планинарски дом „Љуботен“ – Попова Шапка

Планинарски дом „Љуботен“ – Попова Шапка

Домот се наоѓа на височина од 1825м. на Попова Шапка веднаш позади Детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка. Карактеристично за овој дом е тоа што е највисоко поставен од сите објекти на Попова Шапка.

Со претходна најава во планинарскиот клуб Љуботен секој може да го користи овој дом. Домот располага со 10 легла што го прави интимен за разлика од другите домови. Има постојан дотек на вода и електрична енергија. Информации во Планинарски клуб Љуботен

Контакт лице
ПК Љуботен
Надморска височина
1825m nmv
Тежина на пристап
Средно лесна
Опис на пристап
До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка.
Видео
Галерија