Лов

1

Националниот парк Шар Планина нуди широк спектар на услуги, како различни категории на лов и риболов, потоа собирање на диви растенија, габи итн...

лов 1

Полска еребица

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, а ретко може да се најде и на повисоки места. Се одликува со пепелава боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има поголема темно-кафена дамка во вид на потковица на стомакот, која е поистакната кај мажјакот.

Во Македонија е од посебен интерес кога станува збор за ловот, а се среќава на сите ловишта за ситен дивеч, најмногу во средишниот и долниот тек на Вардар, како и во кумановскот, светиниколскиот и во пелагонскиот ловен реон.

лов 2

Дива свиња

Дивата свиња е трофејна гордост на Македонија. Таа има вековна ДНК и има непроменет генетски состав, за разлика од некои други подвидови и полупитоми единки какви што се среќаваат во други ловишта од Европа. Трофејната вредност на кожата и на забите очници на македонската дива свиња е исклучителна и особено ценета.

Дивата свиња живее во чопори, главно околу влажните шуми, а најчесто се задржува по ивиците на шумите каде што постојат водотеци – затоа може да се сретне во сите ловишта во Македонија, освен во низинските и оние без шуми.