лов 1

Полска еребица

Полската еребица ги населува подрачјата со умерена клима, а ретко може да се најде и на повисоки места. Се одликува со пепелава боја, со потемни и посветли дамки и пруги. Има поголема темно-кафена дамка во вид на потковица на стомакот, која е поистакната кај мажјакот.

Во Македонија е од посебен интерес кога станува збор за ловот, а се среќава на сите ловишта за ситен дивеч, најмногу во средишниот и долниот тек на Вардар, како и во кумановскот, светиниколскиот и во пелагонскиот ловен реон.