

Целосно обележана патека која започнува од информативната табла поставена во с. Старо Село. Атрактивна патека со средна тежина.
Поминувајќи ја, посебно на делот под врвот, се отвора прекрасен поглед кон западниот дел на Шар Планина со Ливадичко Езеро, Полог, Скопје и делот на Косово од Урошевац до Штрпце.
с.Старо Село 900 мнв - Планинарски Дом Љуботен 1630 мнв - Врв Љуботен 2499 мнв
Надморска височина
2500m nmv
Должина
11.00km
Времетраење
4.30час
Тежина на пристап
Средно тешка
Опис на пристап
Целосно маркирана планинарска патека која поминува низ шумски терен, а од домот до врв продолжува по пасишен и каменит терен. с.Старо Село 900 мнв - Планинарски Дом Љуботен 1630 мнв - Врв Љуботен 2499 мнв. Вода има само во првиот дел од патеката.