клима 1

Клима

Просечната годишна температура во подножјето на Шар Планина се движи помеѓу 10,5 и 11°C. Климата на Попова Шапка (1750 м.н.в.) се одликува со ниска просечна температура од 4,6°C. Попова Шапка се одликува со обилни врнежи.

Просечно паѓаат околу 1100 mm, но во некои години ова количество изнесува и над 1500 mm. Постојана снежна покривка се јавува од декември до март. Максималната височина на снежната покривка изнесува 160 cm, а на повисоките терени и до 200 cm.