Геоморф 1

Релјеф

Полигенетски површини – тоа се најстарите релјефни форми на Шар Планина претставени во вид на брановидни зарамнини. Карпести отсеци – Најмаркантни се оние кај Лешница, од десната долинска страна на реката Пена.

Флувијален релјеф – Карактеристични се повеќе водотеци кои што по нивното течение оформиле длабоки долини и клисури. Тоа условило да се оформат повеќе помали и поголеми водопади, слапови и брзаци.

Глацијален релјеф – За време на последната глацијација, кон исток, југоисток, север и североисток од планината се спуштиле глечери кои оставиле голем број на циркови. Во централниот дел на Шар Планина се наоѓаат најмаркантните глацијални траги на планинскиот масив: Џинибег, Кривошија, Горна Лешница, Казаниште итн.

Периглацијален релјеф – Карактеристични форми од овој релјеф се среќаваат на Рудока, Трапезница, во највисоките делови на сливното подрачје на реката Пена, како и во изворишниот дел на Боговинска Река.