водни текови 2

Водни текови

Од Шар Планина кон Полог се сливаат над стотина помали или поголеми водотеци. Извориштата на повеќето од поголемите водотеци допираат до голема височина – над 2.400 m.

Повеќето се во вид на изворишни челенки, составени од мрежа на помали рекички. Тие се сливаат во неколку главни краци од кои настанува самата река.