Хидрографија

Водното богатство на Шар Планина го сочинуваат голем број извори, стрмни планински водотеци и повеќе глацијални езера.

извори 1

Извори

Изворите на Шар Планина се јавуваат во подножјата на сипарите, плазевите, во подножјата на карпестите отсеци, на голи и тревни падини и на други места.

Се сретнуваат неколку стотини извори од кои на страната на Република Македонија поважни се околу деведесет.

водни текови 2

Водни текови

Од Шар Планина кон Полог се сливаат над стотина помали или поголеми водотеци. Извориштата на повеќето од поголемите водотеци допираат до голема височина – над 2.400 m.

Повеќето се во вид на изворишни челенки, составени од мрежа на помали рекички. Тие се сливаат во неколку главни краци од кои настанува самата река.

Глацијални езера 3

Глацијални езера

Се смета дека на делот на планината што припаѓа на територијата на Република Македонија се наоѓаат околу 30 езера, од кои 21 се постојани.

  • Долно Доброшко Езеро
  • Горно Доброшкото езеро
  • Караниколичко Езеро
  • Кривошијското Езеро
  • Бело Езеро
  • Боговинското Езеро
  • Црно Езеро
  • Деделбешкото Езеро