Патеки

Мапа со 54 планинарски патеки на Шар Планина беше претставена во рамките на еднодневна трибина „Важноста на планинарските патеки за развој на руралниот еко туризам на Шар Планина“ што во организација на платформата Пријателите на Шара се одржала во Тетово.

патеки 1

Мапи со патеки

Овие 54 патеки се протегаат по целиот масив на Шара од Љуботен до Мавровското Езеро. На мапата се објаснети почетните точки, точките на минување и крајното одредиште, со информации дали и колку секоја од нив е соодветно обележана со таканаречени маркери, информативни табли, постоење на сместувачки капацитети, можности за ГПС наведување и слично.

патеки 2

Туристички содржини на патеките

Планинарските патеки се дел од туристичките содржини во определен простор и претставуваат атрактивно-мотивациски фактор за туристите. Затоа е многу важно тие да се средени, со соодветна сигнализација и зачувана околина без исечени дрвја и опустошени шуми и пасишта затоа што секое позитивно доживување на туристите на Шар Планина и Македонија такво ќе биде пренесено од нив во нивната средина што ќе придонесе за зголемување на бројот на туристите заинтересирани за ваков атрактивен авантуристички дел од нивниот одмор.