
Шар Планина е голем високопланински масив кој се протега во северозападниот дел на Северна Македонија и во јужниот дел на Косово. Масивот е европско жариште на биодиверзитетот и подрачје кое се карактеризира со извонредни природни вредности.
Цели 1
Почеток
Јавната установа Национален парк Шар Планина е формирана со одлука на Влада (Службен весник 175/2021) и има амбициозна и одговорна мисија покрај примарната задача - заштита на природните вредности, да направи многу повеќе и преку отварање на нови развојни можности да придонесе за социо-економски развој на локалните заедници, особено во планинските села.
Цели 2
Цели и задачи
Поради силниот антропоген притисок под кој се наоѓа НП Шар Планина, според Законот за заштита на природата, на територијата на Паркот се дефинирани 4 зони во кои согласно на зонирањето се идентификувани дозволени и ограничени активности: зона на строга заштита (26,56%), зона на активно управување (49,06%), зона на одржливо користење(22,02%) и заштитен појас околу скијачкиот центар Попова Шапка (2,7%).