
Зимски 1
Зимски туризам
Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка и следните ски лифтови:
- Почетнички: Дол и Бабин Извор(Аеродром)
- Средни: Поток 1 и 2, Пионерско брдо, Ајдучка рамнина 1 и 2
- Свети илија, 6-то сед, Син врв Церипашина
Зимски 2
Попова шапка
Попова Шапка е најголемиот зимски ски-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.
Ски карта
- Детски сезонски билет (6-14г) 13000 ден
- Младински сезонски билет (15-24г) 12500 ден
- Возрасен сезонски билет (25-62г) 15500 ден
- Сениорски сезонски билет (>63г) 10000 ден
- Инструкторски сезонски билет 10000 ден