Дива свиња
Дивата свиња е трофејна гордост на Македонија. Таа има вековна ДНК и има непроменет генетски состав, за разлика од некои други подвидови и полупитоми единки какви што се среќаваат во други ловишта од Европа. Трофејната вредност на кожата и на забите очници на македонската дива свиња е исклучителна и особено ценета.
Дивата свиња живее во чопори, главно околу влажните шуми, а најчесто се задржува по ивиците на шумите каде што постојат водотеци – затоа може да се сретне во сите ловишта во Македонија, освен во низинските и оние без шуми.