

Домот се наоѓа на височина од 1800 м. на Попова Шапка веднаш под детското одморалиште. До него се стигнува по асфалтен пат од Тетово до Попова Шапка.
Домот е отворен во текот на целата година, но се препорачува претходна најава. Домот има постојана електрична енергија и вода, и во истиот може да се набави пијалок и храна.
Вкупниот капацитет на домот е 102 кревета, од кои 95 се регуларни кревети а 7 помошни. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со купатилa, а останатите соби имаат заеднички бањи (една бања на секои три соби).
Домот е отворен преку целата година, во него работи бифе со ресторан со 98 места, диско клуб – пинг-понг сала, перална, ТВ сала. Домот се затоплува со централно греење. Покрај, планинари, скијачи, алпинисти и спортисти, во домот често се сместени и престојуваат поголеми групи на студенти кои одржуваат семинари и научни истражувачи.